За оваа 57-годишна мајка луѓето често помислуваат дека всушност е сестра на нејзината ќерка, а кога ќе ги видите и ќе сфатите зошто. Сега истата решила јавно да ги сподели нејзините животни совети. Во прилог прочитајте кои се тие.

Шерон Гос има 57 години и живее во Вашингтон. Таа е баба на две внучиња и воедно мајка на 34-годишната Андреа Малцзевски која живее на Хаваите.

Иако меѓу нив двете има временска разлика од 23 години, тие две изгледаат навистина како сестри и честопати луѓето ги мешаат.

И двете по професија се фризерки и и двете велат дека нивниот младешки моден вкус и редовниот режим за вежбање се двата главни фактори, односно виновници што тие секогаш изгледаат најдобро.

Заедно имаат истрчано повеќе маратони и не застануваат. Обожаваат нивните тела да бидат фит, а воедно и не им пречи споредбата дека личат исто или пак се сестри. Според нив, така уште повеќе се зајакнува нивната крвна врска.

Прилично смешно е кога луѓето ќе ме прашаат дали ние две сме сестри.изјавила 34-годишната Андреа.

Иако со нејзината мајка не живеат заедно, тоа не ги спречува во ништо и секојдневно се во контакт.

“Луѓето постојатно и даваат комплименти. Таа е близу 60 години и изгледа неверојатно. Фит и модерно.”- додала нејзината ќерка.

Сами си ги средуваат своите коси, а 57-годишната Шерон во однос на облеката обожава да носи тесни фустани кои ја истакнуваат нејзината фигура.

Шерон го обожава гламурот и практикува да изгледа гламурозно, а при нејзината изјава рекла: И самиот мој сопруг мисли дека сега изгледа подобро отколку кога стапивме во брак, пред 37 години

Покрај вежбањето и носењето младешки модни комбинации, Шерон ве советува многу да ја негувате вашата кожа и никогаш да не излегувате без притоа да нанесете крема за сончање, со одличен заштитен фактор, па дури и кога е облачно.

Еве како дуото изгледа секогаш: