Многу луѓе всушност не се свесни дека магнезиумот е од голема важност за нашиот организам, подеднакво како што тоа се железото и калциумот.

Соодветното количество и ниво на магнезиум во организамот е потребно т.е клучно за правилно извршување на мозочната, срцевата и мускулната функција.

Недостатокот од магнезиум е појава која често може да се сретне кај луѓето, а во продолжение откријте кои 5 знаци укажуваат на недостатокот од овој важен минерал во вашето тело:

1. Зуење во ушите или загуба на слухот

Шумот или постојаното зуење е често застапен симптом, кога телото се соочува со недостаток од магнезиум.

Спроведени се бројни истражувања за врската меѓу здравјето на ушите и недостатокот од овој елемент, при што е докажано дека магнезиумот во недоволно количество, ќе го спречи образувањето на слободните радикали, што може да доведе до загуба на слухот.

Истовремено, на пациентите кои го изгубиле слухот, третманите со магнезиум биле клучни за враќање на функцијата на сетилото.

2. Грчеви во мускулите

Магнезиумот е од клучно значење за одржување на мускулната функција. Без истиот, телото ќе се соочи со состојба на грчеви, бидејќи магнезиумот е елементот кој им овозможува на мускулите да се опуштат. Токму за таа цел, често на жените при породувањето се применува третман од капсула од магнезиумов оксид, за ублажување на болката.

3. Депресија

Уште пред еден век, врската меѓу ниските нивоа на магнезиум и состојбата на депресија е докажана, при што лекарите магнезиумот го користат за лекување на оваа психичка состојба.

Преку бројни истражувања е докажано дека луѓето кои извршиле самоубиства, во тој момент имале огромен недостаток од магнезум во организамот.

4. Абнормална срцева функција

Ниските нивоа на магнезиум, не само што влијаат врз мускулите по целото тело, туку конкретно и врз срцевите мускули. Недостатокот од овој елемент може да предизвика нарушување на функцијата т.е да доведе до состојба на абнормална срцева функција, што пак организамот ќе го направи поподложен на срцеви удари.

5. Бубрежен камен

Многумина веруваат дека појавата на камен во бубрезите е индикатор дека на недостаток од калциум, но всушност главниот виновник е недостатокот од магнезум, бидејќи овој елемент го спречува формирањето на бубрежниот камен.