Добрите родители сакаат нивните деца да не се вовлекуваат во неволји, да им оди добро во училиште и да продолжат да бидат успешни кога ќе пораснат. Иако не постои утврден рецепт за одгледување успешни деца, истражување од областа на психологијата посочува на неколку фактори кои предвидуваат успех.

Изненадувачки, голем дел од тоа се сведува на родителите кои ја имаат клучната улога во успехот на нивните деца.

Еве што заедничко имаат родителите на успешните деца:

1. Ги поттикнуваат децата да ги извршуваат своите домашни обврски

Според поранешниот декан на престижниот универзитет Стенфорд, од одделот за психологија, вели дека на пример, кога децата не ги мијат садовите, тоа значи дека некој друг тоа го прави наместо нив. Кога и тие лично ќе придонесат во извршувањето на обврските во домот, тогаш учат дека работата мора да биде секогаш завршена и дека секој мора да се вклучи за да доброто на сите. На овој начин децата учат дека мора да бидат активни и да работат, за да бидат дел од животот.

2. Ги учат децата да имаат социјални вештини

20-годишно истражување покажа дека децата кои се воспитани секогаш да комуницираат со околината, на зрел начин да ги решаваат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, да помагаат на луѓето, да имаат разбирање за туѓите чувства и да бидат независни, имаат значително поголеми шанси да успеат во животот, да имаат диплома и стабилна работа до нивната 25-та година, за разлика од децата кои немаат развиено социјални вештини.

3. Уште од рана возраст ги едуцираат децата за математика

Аналитичко истражување од 2007-та година, во кое биле вклучени 35.000 деца на предшколска возраст покажало дека учењето математика уште од рана возраст може да биде од големо значење и голема предност за нивниот иден успех.

4. Развиваат вистинска врска со нивните деца

Децата кои имаат здрава врска со нивните родители, според експертите не само што подоцна стануваат значително поуспешни возрасни личности на професионално поле, туку тоа влијае да имаат квалитетен љубовен и социјален живот.

5. Ги учат на важноста за здравите навики во исхраната

Успешните луѓе знаат дека здравите и правилни навики во исхраната можат човекот да го направат многу попродуктивен и фокусиран на неговите цели, во текот на секојдневнието.

Покрај тоа, родителите на успешните деца ги учат истите да ја негуваат љубовта кон самите себе и секогаш да умеат да се прифатат себеси такви какви што се, почнувајќи од сакањето и прифаќањето на сопственото тело.