Човештвото консумира до 2 милијарди шолји кафе секојдневно. Пресметано, тоа значи 4 килограми кафе годишно за секоја личност. Општата тенеднција е дека употребата на кафето во светот непрекинато расте.

Истовремено интересни се резултатите од едно медицинско истражување кое опфатило 130.000 учесници- љубители на кафето, при што американските научници дошле до заклучок дека консумирањето на овој ароматичен напиток може да го заштите организамот од редица опасни заболувања.

Придобивки од пиењето кафе

1. Дијабетес тип 2

Пиењето кафе го зголемува производството на протеинот кој ги сврзува стереоидните хормони – тестостерон и естрадиол. А токму тие хормони играат голема улога во развојот на дијабетес.

За да се намали ризикот од дијабетес за 50%, мажите треба да пијат по 6 шолји кафе на ден. Жените истиот ефект може да го постигнат со помалку од 6 шолји т.е доволно би била една третина од тој број т.е 2 шолји дневно.

2. Заболувања на црниот дроб

Консумацијата на 2 шолји кафе дневно го намалува ризикот од рак на црниот дроб, за дури 40%. Две чаши природно црно кафе дневно, го намалуваат ризикот од смрт и цироза на црниот дроб за 70%.

3. Паркинсова болест

Истражувачите заклучуваат дека зголемувањето на внес на коефин во организамот, запазувајќи го разумното количество, е директно поврзано со намалување на Паркинсовата болест. Тоа се должи на фактот што кофеинот блокира одредени сигнали во клетките, кои воедно се носители на информацијата која го предизвикува ова заболување.

4. Срцева слабост

Консумирањето кафе во умерени количества штити од појава на срцева слабост. Во овој случај, умереното количество означува 3-4 шолји кафе дневно. Луѓето кои консумираат 4 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од срцева слабост за 11%, во однос на оние кои воопшто не пијат кафе.

5. Рак на дебелото црево

1-2 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево за 25%. Доколку се консумираат повеќе од 3 шолји дневно, намалувањето на ризикот достигнува 50%.

Освен превенцијата од овие заболувања, кафето има разнообразен стимулирачки ефект. Односно, кофеинот помага да се ослободите од вишокот килограми, го забрзува метаболизамот и го стимулира разградувањето на гликогенот.

Воедно, кафето го стимулира производството на серотонин- хормонот на среќата.