Познато е дека едно од најомилените модни парчиња за носење на жените се токму високите потпетици. Доѓаат во секаква боја, висина и модел, па од нив никогаш не е доста. Во продолжение прочитајте кои 5 правила е важно да ги знаете доколку сакате да уживате во вашите чевли без да имате болки.

1. Висината на потпетиците

Важно е да одберете некои пониски чевли кои нема да ја надминат висината од 4 цм, за да ви биде комотно носејќи ги цел ден.

Но, истовремено е да го проверите растојанието помеѓу самата потпетица и предниот дел. Колку е поголемо, толку чевелот ќе ви даде поголем комфорт.

2. Одбирање безбедна висина за повисоките гламурозни потпетици

За елегантните и свечени пригоди, секоја жена сака нејзините чевли да бидат повисоки од вообичаеното, но сепак за да избегнете болка во нозете, не се препорачува чевлите да бидат претерано високи.

За правило да одберете ви е потребна едноставна формула. Земете линијар, седнете удобно на столицата и испружете ја едната нога напред. Измерете како што е покажано на сликата, од вашата потпетица кон напред и таа должина ќе ви ја даде вашата идеална висина.

3. Вистински број на чевлите

Сите го знаме нашиот број на чевли и избегнуваме да носиме помал број, што е и правилно. Но, нема да погрешиме доколку одбереме чевли во еден број поголем од нашиот. Тоа ќе ја спречи непотребната појава на болно триење на кожата со чевлите и создавање плускавец.

4. Материјал на чевлите

Секогаш одбирајте ги природните материјали- кожа или антилоп. Бидејќи чевлите изработени од вештачки материјали многу тешко се приспособуваат на обликот на стапалата, при што постојано ќе ви предизвикуваат болка, за разлика од природните.

5. Положбата на потпетицата

За поголема удобност, обратете внимание на самата потептица. Таа не треба да биде искривена ниту кон назад, ниту кон напред.

Истовремено, при пробување на чевлите, не срамете се да чекорите малку во нив, бидејќи тоа ќе ви овозможи да видите колку се навистина удобни, што нема да можете да го дознаете ако не пробате.