Колку често се наоѓате во ситуација кога сте во канцеларија или брзате на многу важен состанок и вашиот изглед не е на ниво? Па, тоа може апсолутно да го уништи вашиот ден! Овие трикови ќе ви помогнат да се справите со непријатните ситуации.

„Нема ризик за летање“ на здолниште

Сакате да носите широко здолнише, а надвор е ветровито? Има решение за тоа. Само земете неколку монети (6-10) и залепете ги од внатрешната страна на здолништето.

Изгледајте одлично во чизмите

Понекогаш е тешко фармерките да ги ставиме во високите чизми. Затоа најдобро е да земете високи чорапи и да ги облечете врз фармерките, така тие нема да се креваат кога ќе ги облечете чизмите. Само внимавајте чорапите да се пократки од чизмите.

Поправање на скинати панталони

Доколку се наоѓате на работното место и случајно ви пукнале панталоните, не очајувајте. Потребна ви е обична хефталка, со која во тој момент ќе го решите проблемот, додека да стигнете дома и да се пресоблечете.

Преса за коса како пегла за облека

Доколку сте во брзање или сте на пат и не сте ја понеле пеглата, искористете ја пресата за коса за да ја испеглате вашата кошула.

Чевли со лоша миризба

Имате чевли кои многу ви се допаѓаат но мирисаат ужасно? Нема потреба за грижа, само ставете неколку вреќички чај во чевлите и оставете ги така една вечер. Истото важи и за торбите од теретана.