Не постои ништо поосвежително од чаша студена вода. Иако на изглед е сосема обична, таа има огромно позитивно влијание врз нашето здравје и затоа од голема важност е да ја пиеме во доволно количество секој ден. Во продолжение проверете дали пиете доволно вода.

Следните 5 знаци на телото може да ви откријат дали пиете доволно вода:

1. Вашата уста е сува

Овој знак е доста очигледен, но неговите последици и не се баш. Се подразбира, секогаш кога ќе почувствувате не толку пријатно, лепливо чувство при устата, логично, веднаш посегнувате по некаков пијалок. Но, засладените напитоци се само привремено решение. Обичната вода долго време ќе ја одржи влажноста на устата и по само една голтка.

2. Вашата кожа е сува

Кожата е најголемиот орган и затоа од голема важност е истата да остане доволно хидратирана во секое време. Сувата кожа е еден од најраните показатели на целосна дехидратација, што лесно може да доведе до многу проблеми. Недостатокот на вода означува недостаток на пот, што пак го прави телото неспособно да ги согорува наталожените масти.

3. Постојано сте гладни

Кога сте дехидратирани, вашето тело може да започне да мисли дека ви е потребно малку храна. Ова се случува во текот на целиот ден и целата ноќ, кога ќе се разбудите и сакате ноќна ужина. Консумирањето на храна создава повеќе работа за вашето тело, додека пак пиењето вода го снабдува телото со енергијата што му недостасува и воедно го прочистува организамот.

4. Болки во зглобовите

Зглобовите и грбните дискови се составени од речиси 80% вода, па затоа од клучна важност е да не дозволиме нашите коски да страдаат при секој наш направен чекор, односно токму поради ова неопходно е да консумираме доволно вода секојдневно.

5. Се соочувате со дигестивни проблеми

Без соодветна хидратација т.е доволно количество на вода, се намалува функцијата на дигестивниот систем, така што е се формира можност стомачната киселина да му наштети на внатрешниот дел од телото. Сето тоа доведува до непријатни стомачни киселини и лошо варење на храната.