Клучот на стабилните и успешни врски е да го прифатите вашиот партнер таков каков што е, со додавање на многу искрена комуникација и одржување на ментална и физичка интимност. Од друга страна, обидите за промена на вашиот партнер често се разочарувачки.

Според љубовните експерти и психолози, едноставно потребно е да бидете свесни дека никогаш нема да ги промените овие 5 работи кај било кој маж:

1. Проблеми со зависност

Статистичките податоци покажуваат дека бројот на излекувани зависници (без разлика дали се од алкохол, дрога, коцкање и сл.) e многу мал – за жал, помалку од 10% од луѓето успеваат да се држат настрана од нивната зависност на долтрајни стази. Жените кои веруваат дека нивниот партнер ќе се откаже од зависноста поради нив, обично грешат. Тие можат да послужат како поддршка, но крајниот резултат зависи целосно од самиот зависник.

2. Клучни карактерни црти

Не само што некои карактерни црти се вродени и постојани во човечките животи, туку повеќето карактеристики на личноста се неповратно формирани на возраст од 18 години. Ова не значи дека некои промени не можат да се случат, но тие не се драстични и првенствено зависат од искуството на поединецот. Неодамнешно истражување од Универзитетот Харвард покажа дека до 30-та година од животот, нашиот карактер е скоро „обликуван“.

3. Неговата врска со семејството

Без разлика дали вашиот партнер е мамин син или некој од оние кои воопшто не ги гледаат своите родители, не сметајте на можноста да влијаете на промената во односите што се граделе со текот на годините, тие имаат своја динамика и зависи од двете страни што ги создале. Се подразбира, на партнерот може да му се покажат некои подобри начини за решавање на одреден семеен проблем, помирен пристап, поголемо внимание или повеќе одвојување – но основниот став и односот на родителите кон своето дете и обратно – не се менува.

4. Религиозни верувања

Вашиот партнер е атеист, а вие сте религиозни или обратно? Системот на верување е нешто што е формирано во раното детство и е основа на карактерот, како и основата на одликите на личноста, а барањето за промена на овие ставови е лицемерно, неоправдано, дури и грубо – со тоа на индиректен начин би рекле дека навистина не го сакаме нашиот партнер каков што е е

5. Негвоиот став за изневерувањето

Ако вашиот партнер има минато во кое изневерувал, има големи шанси да продолжи да го прави тоа и во иднина, бидејќи таквото однесување е одраз на неговиот став кон изневерувањто. Единственото нешто што може да даде надеж е да се пронајде причината за изневерување – ако таа причина нема да се повтори во вашата врска, тогаш не мора да значи дека и вас ќе ве изневери.