Сите ние сме свесни дека со текот на годините, доаѓаат и разни промени при нашето тело. Промените влијаат и на самите гради- препознатливиот женски атрибут.

Се подразбира, многу од промените кои доаѓаат со возраста се нормални, но денес ќе посветиме внимание на промените на градите, за кои е неопходен лекарски преглед, бидејќи истите може да бидат загрижувачки.

На оваа листа не спаѓаат нормалните промени како стриите поради намалената еластичност на кожата или надвиснувањето на градите, поради намаленото производство на естроген во организамот.

Еве кои се 5-те промени кај женските гради, при кои е неопходно дамите да посетат лекар:

1. Тврди грутки

Иако грутките имаат лоша репутација, во повеќето случаи не станува збор за тумори, туку за акумулирање на течности или цисти. Но, сепак, за да бидете сигурни дека вашето здравје не е во никаква опасност, направете лекарски преглед.

Според лекарите, ракот на дојката се лекува многу полесно доколку е навремено откриен.

2. Болки во градите

Малигните тумори ретко предизвикуваат болки во градите, но постојат и такви случаи. Исклучително ретката, но агресивна форма на рак на дојката, наречен дифузен или воспалителен рак, сепак предизвикува болка во градите.

3. Појава на течност

Се подразбира, овде не станува збор за бремените жени или дами кои дојат. Појавата на секрет од градите, без разлика каква е боја, е индикатор дека веднаш треба да го посетите вашиот лекар.

4. Двете гради изгледаат различно

Симетричните гради се реткост, при што не е потребно веднаш да кревате паника, по прочитаното. Сепак доколку едната града одеднаш ја промени својата големина или кожата ја има променето својата структура при допир, тогаш е неопходно да направите лекарски преглед.

5. Црвени дамки

Црвените дамки по градите вообичаено се осип или привремена состојба на кожата. Но, доколку истите се здржат повеќе од неколку дена, истите може да бидат симптом на воспалителен рак на дојката.

Како што веќе спомнавме, овој вид на рак е агресивен, притоа и ретко застапен- само кај 3% од женската популација, но сепак истиот не треба да се потценува.