Кога работи хемијата и чувствата се разбрануваат, ние често сме склони да го идеализираме нашиот партнер. Идеализацијата е чекор кон разочарување, затоа што сите сме испрплетени од измешани чувства и од добрите и лошите страни.

Самиот партнер треба да создаде желба да промени некои од неговите лоши црти, а вие, ако навистина го сакате, треба да го прифатите како таков и да му помогнете да се развива, да напредува и заедно, од ден на ден, да растете на скалата на вистинската љубов и духовност.

Психолозите истакнуваат дека постојат одредени квалитети кои треба да се бараат кај партнерот на самиот почеток на врската. Овие карактеристики ќе ви помогнат подоцна полесно да ги надминете кризните ситуации заедно.

На кратко, добриот љубовен партнер е личност која има развиено емпатија, се стреми кон емоционална близина и ја разбира важноста на комуникацијата при решавање на проблемите. Тоа е некој кој разбира како мозокот и емоциите работат заедно. Личност која е подготвена да научи уште повеќе и се труди да ја одржи врската во хармонија. Истото важи и за вас.

Еве кои 5 квалитети, според психолозите, да ги барате во животен партнер:

  1. Емпатија
  2. Чувство за хумор
  3. Квалитетна комуникација и меѓусебно разбирање
  4. Партнерот треба да знае како функционираат емоциите
  5. Партнерот треба да сака да се придржува кон основите правила за морал и етика.