Ако веќе ви е преку глава од црнките на лицето кои го уништуваат сјајот и изгледот на вашата кожа, без грижи, овие маски се тука да го решат проблемот. Состојките веќе ги имате во кујна и едноставни 20 минути.

Сите маски лесно може да ги приготвите дома, уште денес, а сите се на природна база. Во продолжение одберете ја онаа која највеќе сметате дека е соодветна за вашата кожа, според нејзините својства, направете, нанесете и уживајте во резултатите на чиста, блескава и беспрекорна кожа без акни, црнки и пори!

1. Маска од мед и млеко

Што ви е потребно?

  • ¼ шолја млеко
  • 2 лажици мед
  • Памучни туфери

Што да направите?

  1. Во сад добро измешајте го млекото и медот.
  2. Натопете го туферот во оваа смеса и нежно нанесете врз површината на црнките.
  3. Оставете маската да отстои 10-15 минути
  4. Измијте го лицето со топла вода
  5. Маската може да ја користите еднаш до двапати неделно.

Зошто оваа маска функционира?

Млекото содржи млечна киселина, која е позната како совршен природен ексфолијатор. Лесно се впива во кожата, ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги отвара порите. Медот пак, е познат по своите осветлувачки својства, поради кои вашат кожа веднаш ќе заблеска.

2. Маска од белки и сок од лимон

Што ви е потребно?

  • 1 белка
  • 1 лажица сок од лимон
  • Четка за лице

Што да направите?

  1. Измешајте ја белката со сокот од лимон.
  2. Со помош на четката, нанесете од текстурата врз целото ваше лице.
  3. Внимавајте да не ја нанесувате смесата во близина на сензитивните делови, како очите и веѓите.
  4. Оставете ја маската да отстои 10-15 минути
  5. Маската малку ќе се исуши и ќе го затегне вашето лице/
  6. Измијте со ладна вода
  7. Нанесете навлажнувачка крема за лице
  8. Маската може да ја употребувате еднаш неделно.

Зошто оваа маска функционира?

Белката од јајцето е позната по своите адстрингентни својства кои одлично помагаат при воспалителните процеси, при што во спој со кожата, истата одлично ја тонираат. Ги намалува порите, правејќи ја кожата да изгледа беспрекорно и сјајно, без црнки. Сокот од лимон природно ја избелува кожата.

3. Маска од цимет и мед

Што ви е потребно?

  • 1 лажица цимет во прав
  • 3 лажици мед

Што да направите?

  1. Во сад измешајте го циметот и медот.
  2. Добиената паста, нанесете ја врз целото ваше лице
  3. Фокусирајте се на Т-зоната, брадата и челото.
  4. Оставете ја маската да отстои 20 минути.
  5. Измијте со топла вода.
  6. Маската може да ја употребувате секој ден, во период од 2 недели, за да забележите резултати.

Зошто оваа маска функционира?

И циметот и медот имаат антибактериски својства кои се клучни во третирањето на кожата склона кон појавување акни и црнки. Тие ја чистата кожата од мртвите клетки, бактериите и насоберените масни наслаги на површината. Ги собираат порите, а кожата изгледа сјајно, без дамки и мазно.

4. Маска од нане, лимон и желатин

Што ви е потребно?

  • Ливчиња нане
  • 1 лажица желатин во прав
  • 1 лажица сок од лимон

Што да направите?

  1. Сварете ги ливчињата нане во малку топла вода, а потоа исецкајте ги со помош на блендер.
  2. Загрејте дополнителна чаша вода
  3. Додадете го желатинот и почекајте ја неговата реакција
  4. Потоа, во истиот додадете го сокот од лимон и нането
  5. Направената маска нанесете ја врз целото ваше лице и оставете ја додека целосно не се зацврсти
  6. Маската се отстранува со нежно лупење, а потоа измијте го лицето со ладна вода
  7. Употребувајте ја еднаш неделно.

Зошто оваа маска функционира?

Лимон има природни антивоспалителни својства и ја осветлува кожата. Антибактериските својства на нането ги намалуваат порите и на благ начин, ги отстрануваат мртвите клетки од кожата. Желатинот е природен протеин кој содржи колаген и полимери, кои воедно ги држат состојките заедно во смесата.

5. Маска од зелен чај, краставица и желатин

Што ви е потребно?

  • 1 лажица желатин во прав
  • 2 лажици зелен чај
  • 2 лажици сок од краставица

Што да направите?

  1. Загрејте вода и потоа додадете го желатинот во неа.
  2. Потоа, додадете ги зелениот чај и сокот од краставицата во желатинот.
  3. Нанесете врз целото ваше лице
  4. Оставете ја маската да отстои 20 минути, а потоа отстранете со лупење
  5. Измијте со ладна вода
  6. Маската може да ја употребувате еднаш неделно

Зошто оваа маска функционира?

Желатинот ја подобрува еластичноста на кожата и е најлесниот начин да си направите домашна маска на принципот на лупење. Краставицата ја лади и темелно освежува кожата. Зелениот чај е совршен природен антиоксидант кој го намалува црвенилото и воспаленијата, предизвикани од акните, црнките и насоберените мртви клетки