Во многу култури ширум светот, среќата е поврзана со имињата, па токму затоа имињата на луѓето, како и имињата на компаниите се избираат многу внимателно.

Денес ви откриваме кои имиња за кучиња ќе им донесат најмногу среќа на самите нив и нивните сопственици.

Еве за кои 5 прекрасни имиња станува збор:

1. Луна

Ова име има мистично значење како самата Месечина и римската божица Луна, при што со изборот на ова име дефинитивно нема да погрешите.

2. Скај

Името кое означува „небо“ и како носител на вода, се смета за многу моќно, бидејќи водата е неопходна за цел свет. Истото одговара и за женски и за машки миленици.

3. Лаки

Вистински избор за мило и весело куче, а означува спокоен лидер, кој на сопствениците ќе им донесе многу успех и среќа. Воедно е и најчесто употребуваното име.

4. Коко

Ова шик име прво започнале да го користат Французите и Шпанците за нивните миленици, а долгогодишните истражувања го сметаат ова за едно од најсреќните имиња.

5. Астра

Силно име кое означува „ѕвезда“ и асоцира на нешто возвишено и моќно.