Според професионалните стилисти и експерти за коса, постојат 5 фризури кои, доколку веќе сте над 40-годишна возраст, нивниот избор едноставно би ве направил да изгледате дополнително постаро, отколку што навистина сте.

Еве кои се тие:

1. Долга коса, несоодветна за обликот на лицето

Сосема е во ред да носите долга коса, но изберете таа да биде соодветна на обликот на вашето лице и да не биде премногу долга, туку со средна должина.

2. Измазнета и премногу затегната пунџа

Овој тип на пунџа најмногу им одговара на балерините, децата и оние кои имаат совршено симетрично лице. Во спротивен случај, едноставно изберете пунџа која е од повеќе опуштен вид.

3. Коњско опавче

Премногу високото или премногу ниското коњскоп опавче најдобро им одговара на младите девојки, а кај повозрасните дами создава побрз ефект на стареење.

4. Премногу кратка фризура

Оваа фризура премногу го отвора лицето и не дава можност да се сокријат несовршеностите.

5. Премногу ситни локни

Овој стил на локни едноставно додаваат години на лицето, па најдобро е исто како за пунџата, да изберете нивната повеќе опуштена, брановидна верзија.