Митот за еликсирот на младоста, како и секој мит, се заснова на мал дел вистина, па така вистината е дека следните 5 напитоци може да направат вистинско чудо со женското тело.

Покрај тоа што ни помагаат да бидеме здрави и убави, на надворешен и внатрешен план, тие ја имаат и моќта да го забават процесот на стареење. Еве за кои напитоци станува збор:

1. Вода

Да, дури и најобичната вода може да направи вистинско чудо. Потребно е да се консумираат по 8 чаши вода дневно, а на овој начин нашата кожа ќе остане хидратирана, мека, мазна и еластична.

2. Зелен чај

Овој напиток е богат извор на хранливи својства и се смета како еликсир за здравјето. Го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува ризиокот од кардиоваскуларни заболувања.

3. Чај од ѓумбир

Овој напиток го активира метаболизамот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува дигестијата.

4. Какао

Какаото е вкусен ароматичен напиток кој значително ја подбрува функцијата на срцето и состојбата на крвните садови. Воедно, го намалува ризикот од дијабетес и хипертензија.

5. Кафе

Консумирањето по 1-2 шолји кафе дневно го подобрува расположението и целокупното здравје на организамот.