Експертите од областа на полиграфското испитување и говорот на телото споделуват 5 знаци кои откриваат дека еден маж ја изневерува неговата сакана.

Доколку претчувствувате дека вашиот партнер ве изневерува, но тој упорно го тврди спротивното и негира, а сепак сметате дека вашата интуиција не би ве излажала, тогаш следните 5 знаци може да ви помогнат да ја решите вашата дилема.

Еве кои се тие:

1. Одеднаш започнува да се однесува различно

Доколку вашиот партнер одеднаш започне да се однесува поразлично до досега, без разлика дали однесувањето е позитивно или негативно, тогаш нешто не е во ред. На пример, доколку го прашате каде бил во Петокот вечерта, а тој започне забрзано да дише, да ја допира својата коса и да избегнува директен одговор, тогаш најверојатно нешто крие.

2. Премногу се труди да ви докаже дека ја зборува вистината

Кога една личност лаже, таа најчесто гледа во подот и овој факт го знаат повеќето луѓе. Поради ова, мажите кои изневеруваат често се научени да ги гледаат своите партнерк директно во очите, додека притоа ги лажат. Токму поради ова, доколку вашиот партнер ве гледа во очи, без воопшто да трепне и постојано повторува дека не бил со некоја друга, замислете се на момент, зошто толку се труди да ве убеди дека тоа е вистината.

3. Доколку на вашето прашање одговара со прашањето: „Дали ме изневеруваш?“

Доколку го прави ова, едноставно сака да добие време, за да го смисли неговиот одговор. Кога ја префрла топката кон вас и се обидува да ве обвини или да ги обвини останатите, тогаш тоа го открива неговото чувство на вина. Така, доколку ве прави параноична и се обидува да ве обвини, според експертите, е јасен знак дека ве изневерува.

4. Секогаш ја променува неговата приказна

Вистината лесно се памети и секогаш ќе ја раскажете на истиот начин, но со лагите е различно. Кога лажеме, често забораваме што сме кажале во првиот момент. Па така, доколку вашиот партнер секогаш ви разкажува различна верзија од на пример, ергенската вечера на неговиот најдобриот пријател, тогаш и самите сте свесни дека не ја кажува вистината.

5. Се колне во сè

Вистината сама по себе е доволно силна, но луѓето кои лажат имаат потреба да пронајдат нешто подеднакво силно, за да навидум докажат дека она што го зборуваат е исто така вистина, а не лага.