Навлажнувачите за воздух станаа многу популарни, а ако секогаш кога ќе помислите на зимата, на ум ви паѓа сува кожа, суви усни и сува кашлица тогаш можеби сте идеален кандидат на кој му е потребен овој електронски уред во домот. Во прилог прочитајте за повеќе негови придобивки за кои сигурно не сте знаеле.

Навлажнувачите за воздух се електронски уреди кои ја регулираат и зголемуваат влажноста на воздухот, а истите се користат во простории во кои влажноста е намалена, особено во зимскиот период и предизвикува непријатно чувство при дишните патишта.

А еве за уште кои 5 придобивки сигурно не сте знаеле, а ги овозможуваат овие електронски уреди, поради што веднаш ќе посакате да ги имате во домот.

1. Посреќни растенија

Дали знаевте дека влажноста влијае и на растенијата? Вашите омилени цвеќиња и растенија во домот ќе ви бидат вечно благодарни кога ќе поставите навлажнувач за воздух. Тоа е затоа што високите нивоа на влажност го намалуваат количеството вода изгубено од растението преку транспирација, додека пак ниските нивоа го зголемуваат.

2. Долготраен мебел

Ниското ниво на влажност може да предизвикува смалување на мебелот, олабавување на неговите потпори, како и да создаде пукнатини на дрвените елементи. Дури и вашите книги и уметнички дела можат да бидат погодени од ниската влажност.

3. Избегнување на настинки и грипови

Медицински истражувачи откриле дека навлажнувачите за воздух го намалуваат ризикот од фаќање настинка или грип, бидејќи нивото на влажност веднаш ги декативира вирусните честички. Истовремено, модерните навлажнувачи за воздух ќе помогнат во ублажувањето на симптомите на алергиите.

4. Нема веќе суви грла, кашлици и крвави носеви

Бидејќи 50-60% од телото на човекот се состои од вода, сувите услови може да ја намалат влажноста, што ќе резултира со појава на сува кожа, исушени усни, па дури и крвави очи или пак, крв да протече низ носот. Ова е особено честа појава за зимските периоди, па затоа во тој период навлажнувачите во домот се и најпотребни.

5. Здрава коса и скалп

Покрај давање свежина и влажност на вашиот мебел, растенијата и кожата, со помош на навлажнувачите за воздух, вашата коса и скалпот секогаш ќе бидат влажни, освежени и пред се, здрави.

Бонус: Како што се популарни, така прочистувачите за воздух веќе се достапни во продажба и кај нас и може да се најдат во секој салон за техника, како на пр. Нептун и Агротехна.