Махатма Ганди еднаш рекол: “Бидете промената што сакате да ја видите во светот“, а еве неколку совети од каде да почнете доколку немате идеја! Со мали чекори до големи промени, во прилог прочитајте и одберете ја промената што најмногу ви одговара.

Сменете си ја позадината на телефонот во некоја поедноставна и ограничете го времето кое го поминувате на социјалните мрежи

Ова особено ќе биде корисно за сите на кои очајно им треба повеќе слободно време. Па така, не дозволувајте уредите да ве заробуваат и заменете ги со прошетка или вежбање.

Секогаш кога ќе пронајдете заборавен кусур некаде низ џебовите или јакната, ставете ги во тегла

Да се пронајдат ситни заборавени пари некаде низ нашити џебови е кул работа, но уште поинтересно би било да ги ставите во посебна тегла и на крајот од годината да видите колку сте заштедиле.

Меморизирајте два или три броја на памет за итни случаеви

Иако веќе никаде не одиме без нашите телефони, никогаш не знаеме што може да се случи, па затоа овој совет е доста корисен и треба сите да го примениме.

Исконтактирајте пријатели со кои се немате  видено ододамна

Освежување на добрите стари спомени секогаш е добра идеја!

Разубавете му го некому денот!

Како мислиме и зрачиме, така привлекуваме, а позитивни работи започнат да се случуваат кога и ќе започнеме да размислуваме позитивно и оптимистички. Зголемете ги комплиментите упатени кон најблиските, па дури и кон оние помалку познатите, разубавете му го денот на некој!