Неодамнешно истражување покажа дека водењето мали разговори со вашето дете, ја зголемуваат неговата интелигенција, вербалните способности и неговите идни успеси.

Секој родител би сакал да има паметно дете, а освен запишувањето во предшколска настава, најдобриот начин да го зголемите коефициентот на интелигенција на вашето дете може да започне многу пред неговото официјално образование.

Само при обичните разговори, неговите вербални способности, интелигенцијата и можностите за иден успех, драстично се зголемуваат. Под разговори се мисли на вистинско зборување со вашето дете, не имитирањето на неговите бебешки звуци.

„Успешното одгледување на детето не подразбира само негово хранење и менување пелени“- вели Џил Гилкерсон, директорот на непрофитната организација ЛЕНА, при го спроведе истражувањето.

Еве на кои 5 начини, зборувањето со вашето дете, ќе го одведе истото на вистинскиот пат:

1. Децата ќе научат како да го користат јазикот

Истражувањето покажа дека врската меѓу јазикот и коефициентот на интелигенција е апсолутно постоечка и многу силна. Кога едно дете расте во средина збогатена со јазик, тоа влијае врз начинот на кој тие подоцна размислуваат, гледаат на работите и влијае како истите ќе го користат јазикот. Уште на рана возраст, учејќи од своите родители како пример, децата природно ги развиваат и практикуваат истите методи и употребата на јазикот.

Не станува збор само за тоа колку зборови ќе слушне детето, туку развивање на квалитетна вербална и подеднакво и невербална комуникација.

2. Важен е квалитетот на говорот

Начинот на кој зборувате со вашето дете е многу важен. Не користете бебешки говор и звуци, туку зборувајте директно со вашето дете, користејќи долги и сложени реченици, со чија помош ќе се збогати и неговиот вокабулар.

Истражувањето покажа дека родителите кои на ваков квалитетен начин комуницираат со своите деца, ги поттикнуваат децата на многу позитивен начин да се развиваат, да истражуваат и создаваат средина во која децата веќе стануваат свесни дека говорот има влијателна улога.

3. Разговорите ве поврзуваат и зближуваат со вашето дете

Оваа страна од процесот на комуникација секогаш има природен тек, односно ако комуницирате со вашето дете, тоа комуницира назад со вас и на овој начин формирате нераскинливи врски. Според истражувањето, децата кои пораснуваат чувствувајќи се безбедно, поттикнати од разговороите со своите родители, подоцна развиваат посреќни и поуспешни врски со останатите луѓе кои ќе ги сретнат во својот живот и стануваат побеспрекорни во нивното функционирање како академски граѓани.

4. Двостраната комуникација секогаш влијае и врз невербалните вештини

Истражувачи од Универзитетот Јорк, открија дека децата кои се повеќе изложени на квантитет од разговорите на возрасните, ги зголемуваат своите невербални вештини, како размислувањето, сфаќањето, при што стануваат свесни за броевите, како и формите. А сите тие елементи подоцна ќе им бидат од голема важност во процесот на едукација.

Колку повеќе слушаат разговори од страна на возрасните околу нив, толку подобро се развиваат конгитивните способности кај децата и изложеноста на позитивен говор придонесува подоцна истите да покажуваат ретки или мали знаци на агресија и непослушност.

5. Читањето, раскажувањето приказни, пеењето и римувањето исто така се смета за квалитетна комуникација

Експертите препорачуваат родителите уште од самото раѓање, да им читаат приказни на нивните деца. Истовремено, разговарањето и покажувањето на фотографиите во книгите имаат големо позитивно влијание. Кога подобро ќе се развијат, се препорачува да им дозволите самите тие да ја држат книгата. Ваквите комуникациски моменти се одлични и за градење на заедничката врска и поттик на детето да започне да го развива својот говор.

Покрај читањето приказни, одличен избор се и активностите како пеење или римување, што често може да го правите додека се возите во автомобилот.