Содата е моќна универзална состојка, која може да се користи за буквално сè, од чистење на домот, апсорбирање непријатни миризби,за готвење до лекување на проблемите со кожата и здравјето.

Токму таа се смета за едно од најдобрите домашни средства за козметички цели, кое значително може да ја подобри состојбата на нашата коса, а притоа има и моќен подмладувачки ефект.

Еве на кои 5 начини содата бикарона нè прави помлади:

1. Успешно се бори против акните

Содата се смета за ефикасно средство за заштита на кожата од акни и други несовршености. Сè што е потребно да направите е домашна маста со малку сода и вода и добиената смеса да ја нанесете директно врз акните, за да се ослободите од истите.

2. Избелување на забите

Земете ја вашата омилена паста за заби и проверете го нејзиниот состав. Голема е веројатноста дека истата содржи токму сода бикарбона. Содата може ефикасно да ги избели вашите заби, но сепак не треба да се користи пречесто, за да не ја оштети обвивката на забите. Сосема е доволно да ја користите еднаш неделно.

3. За мазна и беспрекорна кожа

Доколку имате сува кожа на рацете и нозете, тогаш нанесете смеса од сода бикарбона, вода и сапун и масирајте добро, а потоа исплакнете со топла кожа. Оваа лесна домашна смеса ќе ја хидратира кожата, а воедно може брзо да го елиминира непријатниот мирис под пазувите.

4. Го одржува здравјето на косата

Шампоните и балсамите кои ги користиме најчесто не се толку добри како на рекламата, бидејќи содржат доста хемикалии, кои може да им наштетат на косата и скалпот. Токму користењето на содата бикарбона како балсам ќе ја заштите вашата коса и дополнително ќе ги зајакне нејзиното здравје и чистота. Доволно е содата за оваа цел да ја употребувате еднаш месечно.

5. Природен ексфолијант3

Вклучувањето на содата во вашата секојдневна рутина за чистење на лицето набрзо ќе резултира со чиста и совршена кожа.