Доколку ги обожавате тиквичките, но ви здосадил најчестиот начин на нивната подготовка т.е пржењето, тогаш следните рецепти се скроени за вас.

1. Запечени тиквички со кашкавал

Потребни состојки

  • 1 тиквичка
  • 3 жолчки
  • 2 јајца
  • 100 гр кашкавал
  • Малку магдонос
  • Сол по ваш вкус
  • Мелен црн пипер
  • 3 супени лажици кисело млеко

Начин на подготовка

  • Измијте ги тиквичките, насецкајте ги и оставете ги малку на хартија да се исцедат.
  • Во тавата наредете ги насецканите кругови од тиквичките
  • Во длабок сад измешајте ги јајцата и киселото млеко
  • Ситно исецкајте го магодносот и додадете го во претходната смеса
  • Потоа додадете ги и солта и црниот мелен пипер
  • Смесата истурете ја врз тиквичките
  • Врз истата нанесете рендан кашкавал
  • Температурата на рерната се поставува на 190°C. Печете додека не забележите дека кашкавалот ја добил потребната малку црвена боја.

2. Ролат од тиквички и шампињони

Потребни состојки

  • 2 тиквички
  • 400 гр шампињони
  • 2 јајца
  • 250 гр пченично брашно
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр павлака
  • 1 средна главица лук
  • 2-3 мали каранфилчиња
  • 10 гр пециво
  • 2-3 чајни лажици масло
  • Сол и мелен црн пипер по ваша желба

Начин на подготовка

Измијте ги тиквичките. Изрендајте ги истите. Истото направете го и со лукот. Одделете ги белките и жолчките од јајцата. И додадете ги само жолчките со лукот и тиквичките и добро измешајте. Додадете сол и црн пипер по ваша желба.

Подготовка на тестото

  • Измешајте го брашното со пецивото и замесете го тестото.
  • Во одделен сад, измешајте ги белките со малку сол, а потоа додадете ги во тестото.
  • Загрејте ја рерната на температура од 180°C. Ставете го тестото во сад во кој планирате да го печете ролатот, поставете одозгора хартија за печење и печете во времетрање од 40 минути.
  • Измијте ги шампињоните и насецкајте ги.
  • Во загреана тава, ставете малку масло, додадете ги печурките, а со нив и малку од каранфилчето.
  • Изрендајте го кашкавалот
  • Кога шампињоните ќе бидат готови, додадете ја павлаката и гответе уште дополнителни 1-2 минути.
  • Кога тестото ќе биде готово, извадете го од рерна и почекајте да се излади.
  • Потоа, на површината од кората, ставете ги прво печурките во павлаката, тиквичките, а потоа додадете го на крај и кашкавалот.
  • Замотајте во форма на ролат.

3. Тиквички во пикантно тесто

Потребни состојки

  • 8 супени лажици пченично брашно
  • 6 супени лажици кисело млеко
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 4 супени лажици соја сос
  • 2 јајца
  • 2 кафени лажици шеќер
  • 4 супени лажици сончогледово масло
  • 2 тиквички

Начин на подготовка

  • Измешајте го киселото млеко со содата, а потоа додадете го соја сосот, шеќерот и едното јајце. На крај, додадете го и брашното и измешајте ги добро состојките за да добиете мазна текстура без грутки.
  • Насецкајте ги тиквичките и наредете ги на едната страна од тестото.
  • Прво пржете го тестото од една страна, а кога малку ќе се вцрви, завртете го од другата страна, притоа намалете ја топлината.
  • Кога тиквичките ќе бидат добро испржени целосно и од двете страни, ставете ги на хартија, за да се исцеди маслото.

4. Торта од тиквички

Потребни состојки

  • 1-2 тиквички
  • 2 јајца
  • 50 мл млеко
  • 150 гр павлака
  • 4 супени лажици пченично брашно
  • 100 гр сирење
  • 2 домати
  • 1 глава лук
  • 1 морков
  • 50 гр кашкавал
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • Сол по ваш вкус

Начин на подготовка

  • Добро исчистете ги тиквичките, притоа отстранувајќи ги нивните семки. Изрендајте ги.
  • Измешајте го млекото со сол, изрендан кашкавал и брашно.
  • Изрендајте го лукот и морковот и ставете ги да се пржат на масло, 7-8 минути. Почекајте да се изладат
  • Направете палачники, кои ќе послужат како кори во тортата.
  • На првата палачника нанесете павлака и додадете ги сите зеленчуци. Покријте со втора палачника.
  • На втората палачника, нанесете од павлката и додадете ги исецканите домати. Покријте со трета палачинка
  • Повторете ги чекорите се додека не ги искористите сите палачинки
  • На крај, целата торта премачкајте ја со павлака

5. Пица од тиквички

Потребни состојки

  • 1 тиквичка
  • 2 домата
  • 200 гр кашкавал
  • 1 јајце
  • Половина шолја гриз
  • 3 супени лажици пченично брашно
  • Лебни трошки
  • Сол, мелен црн пипер и магдонос по ваша желба

Начин на подготовка

  • Изрендајте ја тиквичката и посолете со сол и црн пипер. Оставете да отстои така, за да се исцеди течноста од неа.
  • Измешајте го јајцето, брашното и гризот.
  • Премачкајте ја хартијата за печење со маслото, посолете малку од лебните трошки и поставете ја во садот за печење
  • На површината, наредете ги исецканите домати и додадете ги преостанатите состојки.
  • Претходно рерната загрејте ја на температура од 180°C, а печете 30 минути.