Мокрите испотени пазуви и непријатниот мирис се кошмар на секој човек. Но, без грижи! За секој проблем постои решение, па така и за овој!

Доколку прекумереното потење не е резултат на некое сериозно заболување, тогаш мора со сопствени сили и неколку вредни трикови да се изборите против овој проблем.

Во продолжение, денес ви откриваме на кои начини може да го решите прекумереното потење, доколку користењето на препарати полни со хемикалии, ви предизвикуваат алергии.

1. Раствор со сода бикарбона

Содата дефинитивно многу ефикасно се бори против потта, а овој раствор ќе ви помогне да се спречи појавата на мирис, особено во ситуации при некој социјален настан, каде тоа би претставувало навистина непријатен проблем.

Потребно е да растворите 1 кафена лажица сода бикарбона со половина чаша топла вода. Потоа, натопете памучни туфери во растворот и пребришајте ги вашите пазуви со истиот. А постапката може да ја примените и на останатите зони од вашето тело кои се склони кон потење: Стомакот, вратот или кај жените- под градите.

2. Оцет + сок од лимон

Овој третман може да го направи секој, бидејќи се прави од состојки кои секој од нас ги има во кујна.

Во половина чаша вода растворете 2 супени лажици оцет и исцеден сок од половина лимон. Како и кај претходниот раствор, така и оваа природна смеса се нанесува под пазувите со помош на памучен туфер, претходно потопен во растворот.

3. Кислородна вода (Водород пероксид)

Моќно средство против потењето, кое може да се најде во секоја аптека. Една кафена лажица водород пероксид ќе биде доволна за половина чаша вода, за да се приготви ефикасниот раствор за борбата против потта и непријатниот мирис.

Потпете памучен туфер во растворот и нежно нанесете ја смесата под пазувите.

Но, бидете многу внимателни, бидејќи подолгиот контакт на дланките со водородот, може да доведе до појава на бели дамки. Сепак, истите не се штетни по здравјето.

4. Уротропин

Одличниот ефект на ова средство е докажан уште пред половина век.

Средството го спречува развојот на микроорганизмите кои се главни причинители за појавата на пот, а притоа ја има и способноста за стенусвање на каналите на штитните жлезди, така што кожата ќе остане сува во текот на целиот ден.

За да го употребите уротропинот како алтернатива за деодорант, потребно е средството да го растворите во следниот сооднос- 1 порција уротропин на 4 порции вода.

5. Дезодоранс без талк, против потење

При изборот на стандарден дезодоранс од продавница, потребно е да се обрати внимание на хемискиот состав. Најопасни за човечката кожа се сувите, талциферментни антиперспиранти, кои целосно ги блокираат порите на кожата во рок од 48 часа.

Поради ризик од алергии или уништување на омилената облека, се препорачува да се користат дезодоранс без талк т.е магнезиумов силикат, кои ќе ја заштитат вашата кожа и ќе ве ослободат од непријатниот мирис.