Многу луѓе би помислиле дека не е возможно да се направи грешка за ваква едноставна рутина, која ја применуваме скоро секој ден, но токму овие работи на кои најмалку обрнуваме внимание за нивната исправност, можат да бидат погрешно извршени. За да остане Вашата кожа здрава избегнувајте ги овие грешки.

5. Се туширате долг период

Туширањето подолг временски период со топла вода ја суши Вашата кожа, што предизвикува црвенило, чешање и осип. Туширањето треба да трае најмногу 10 минути.

4. Премногу користење на сапун и гел за туширање

Ова значи дека го оштетува Вашиот слој на природното заштитно масло, што доведува до сувост и грубост на кожата. Покрај тоа, ако антибактериските средства не се посебно препишани за Вас, нема потреба да ги користите секој ден.

3. Користење на стари и мокри сунѓери

Влажните сунѓери се совршени за бактерии и раст на мувла, па затоа е подобро да ги смените еднаш на секои 4 недели. Исто така, важно е да се исуши сунѓерот после употреба.

2. Премногу ентузијастично бришење

Осушете го телото со мека крпа, оставајќи го малку влажно. Потоа користете ја Вашата омилена крема и Вашата кожа ќе остане мазна и здрава!

1. Премногу топла вода

Премногу топлата вода ја прави кожата сува и ронлива. Ги измива премногу маснотиите на кожата, оставајќи ја без одбрана. Исто така го зголемува протокот на крв, што често води кон еритема, воспаленија и осип. 35-40 ° C се совршени за здрава кожа.