Повеќето девојки посветуваат големо внимание на нивниот изглед, но подготовките за рандеву, свадба или одмор, ги носат грижите за изгледот на сосема повисоко ниво.

Дали сакате да изгледате беспрекорно, без да го жртвувате вашиот буџет? Ако да, тогаш следните трикови се токму она што ви е потребно:

1. Ефектот на мазна и блескава кожа

Техниката со бебешка пудра ни овозможува да добиеме здрав изглед на кожата и да се ослободиме од темните кругови под очите. Сè што треба да направите, е да ја нанесете бебешката пудра врз вашето лице и со помош на влажен сунѓер, да ја распоредите насекаде подеднакво.

2. Бела насмевка

Белата насмевка е есенцијален дел од беспрекорниот изглед. Но, за жал, кафето и благите работи лошо влијаат врз бојата на забната обвивка. Но и за среќа, постојат евтини домашни третмани со кои можете да ги избелите забите. А сè што ви е треба се капсули со активен јаглен.

Најпрво намокрете ја четката во вода, а потоа потопете ја во составот од капсулите и со истата исчеткајте ги забите, кружно движејќи ја четката во рок од 5 минути. Резултатот ќе биде веднаш видлив, а забите ќе бидат уште позначително бели по 2 недели од практикување на процедурата.

3. Беспрекорни нокти без жолтеникава боја

Иако природната боја на вашите нокти често ја сокривате под лакот за нокти, сепак не е баш пријатно да се има жолтеникава природна боја. Доколку сакате да ги избелите, ќе би биде потребна сода бикарбона. Сода е добра за ноктите од неколку аспекти: Ги омекнува кутикулите и ја полира површината на ноктите, без притоа да ги оштетува.

За овој трик, потребни ви се 2 лажици хидроген пероксид и ½ лажица сода бикарбона. Измешајте ги состојките и нанесете ја добиената смеса на ноктите. Оставета да отстои 5 минути, а потоа измијте ги рацете. Доколку сè уште е присутна жолтеникавата боја, повторете го третманот повеќе пати.

4. Цврсти и здрави нокти

Постојат многу начини како да добиете здрави и цврсти нокти. На пример, рицинусовото масло го поттикнува нивниот раст, витаминот А ги обновува, а бадемовото масло ги зацврстува.

Доколку вашите нокти се кршливи и слаби, искористете го лимонот од фрижидерот. Лимоновиот сок се смета за најдобриот природен третман за обновување и зацврстување на ноктите. Потопете ги вашите нокти во сок од лимон, а третманот повторувајте го 2 недели и ќе ги видите неверојатните резултати.

5. Заборавете на отечените стапала

Доколку се соочувате со ваква состојба, најпрво ви препорачуваме да посетите лекар, за да се утврди причината за настанокот.

Што се однесува до природни домашни лекови за отечените стапала, смесата од магдонос функционира најдобро во вакви случаи, бидејќи го отстранува вишокот на течности во вашиот организам.

За подготовката, ќе ви биде потребен свеж магдонос, неговиот корен и блендер. Откако ќе ги измиете состојките, ставете ги во блендерот, а потоа додадете и вода. Оставете ја добиената смеса да отстои преку ноќта. Следниот ден, консумирајте од истата 3 пати во текот на денот. Пијте го сокот 2 денови, а потоа направете пауза од 3 денови.

Пробајте го овој метод и вашите стапала ќе се чувствуваат како обновени, особено по носењето чевли со висока потпетица на свечените настани.