Најголемото семејство во В.Британија наскоро ќе стане уште поголемо. 44-годишната Сју Редфорд постави видео на Јутуб, во кое со ултразвук, заедно со нејзиниот сопруг објави дека ќе имаат уште еден мал Редфорд.

Семејството Редфорд веќе има 21 дете, односно 11 девојчиња и 10 момчиња. Првородениот е Крис, кој се родил во Мај, 1989-та година, кога Сју имала само 14 години, а нивното 21-во дете, девојчето Бони Реј, се роди минатата година.

Родителите посакаа лекарите да не им го кажуваат полот на бебето, но се сигурни дека ќе го изедначи резултатот меѓу момчињата и девојчињата, односно дека ќе биде момче.

„Мислам дека ќе имам по 11 деца од секој пол, па изгледа дека новиот член ќе биде момче.“ – вели Сју.

Семејството живе во стара викторијанска куќа со 10 спални соби, која парот ја купил пред 11 години во Ланкшир, северна Англија. Нивниот најголем финансиски извор е нивната пекара, но пред неколку години учестуваа во емисија направена само за нив, со која стекнаа голема популарност.

Најстарите деца, 30-годишниот Крис и 25-годишната Софи живеат сами, одделно од големото семејство. Исто така, семејството редовно ги известува своите фанови за новостите преку нивните профили на социјалните мрежи.

„Обожаваме да одиме на кино, особено за време на празниците, кога децата се на распуст. Но, бидејќи киното често е скапо, остануваме да гледаме филмови дома, на Интернет.“- раскажува Сју.