Еве како благодарение на следните 4 „црвени“ знаци, може да го препознаете однесувањето на вашиот партнер и лесно да утврдите дали сепак тој е доволно добар за вас или крајот на врската е неизбежен.

1. Уште на првата средба вели да имате интимни односи

Young couple man and woman intimate relationship on bed feet

Мажите често мислат на интимни односи, при што понекогаш едноставно не можат да го контролираат нивниот внатрешен глас и мисли, што впрочем е нормално. Но, доколку неговата намера е да ве натера да влезете во неговиот кревет колку што е најбрзо возможно, тогаш најверојатно со вас ќе биде само заради интимните односи и вас нема да ве почитува и цени како личност.

2. Не ве прави да се чувствувате специјално

Young couple in quarrel. Talk friends in a cafe for a cup of coffee

Од партнерот се очекува истиот да ве сака. Тој треба да ве направи да се чувствувате како најубавата, најинтелигентната и најпрекрасна жена на светот. Ако не ве прави да се чувствувате посебно и специјално, тогаш подзамислете се како всушност се чувствувате кога сте покрај него.

3. Го крие телефонот

Доколку тој постојано добива повици или пораки и тоа во доцни часови, а притоа за да одговори на истите, мора да отиде во друга просторија или веднаш го зема телефонот, за да вие не забележите кој се јавува, тогаш едно е сигурно, не му се јавува неговата мајка.

Затоа, во вакви ситуации, не верувајте на изговорите дека го бараат од работа или дека го бара стар пријател, бидејќи според љубовните експерти, многу е веројатно истото да го кажува и на жената која му се јавува, додека е со вас.

4. Се однесува нечесно

Дали бидејќи е страшливец или едноставно лоша личност, доколку партнерот станува исклучително агресивен кога се расправате, тогаш тој едноставно никогаш нема да ве почитува и никогаш нема да се промени. Не очекувајте добро од човек што не умее да комуницира. Оваа нечесност може лесно да се забележи и доколку при вашите караници, тој започнува да изнесува ваши грешки од минатото, со цел да избега од вистинската тема, бидејќи на овој начин, се обидува да ја сокрие неговата грешка.

Не дозволувајте да имате ваков партнер покрај себе, со кој поголемиот дел од времето ќе се чувствувате повеќе несреќно, отколку среќно.