Повеќето луѓе денес не можат да си го замислат секојдневието без машината за садови, која како составен дел од кујната, заштедува многу време и помага ефикасно и брзо да се заврши миењето на садовите. Токму поради ова, добро е да знаеме што не треба да поставуваме во истата.

1. Кујнски ножеви

Под дејство на абразивните средства, дури и најквалитетните кујнски ножеви ја губат нивната острина.

2. Пластични садови

Под влијание на температурата и хемиските средства за чистење, физичките својства на пластичните садови може да се променат и да станат многу повеќе штетни.

3. Дрвени лажици и даски

Сите предмети и садови изработени од природно дрво не реагираат добро во контакт со вода, затоа е најдобро да се мијат рачно.

4. Кујнски прибор и садови со површина која не се лепи

Нивниот најгорен слој не го поднесува добро грубото влијание на тврдите четки и абразивните препарати.