Рачките на ладилникот и микробрановата печка, панелите на различните предмети, површината на пералната, первази…Сите овие елементи се блескаво бели кога ќе ги купиме, но нивниот сјај по бројни употреби, знае да исчезне.

И пожолтувањето на пластичните и слични површини е честа појава. Тоа не значи дека површината на ладилникот и прозорците не се чистат редовно. Сончевите зраци, температурните разлики, како и контактот со нашите прсти и други предмети, може да доведат до губење на оригиналниот беспрекорен изглед на кујнските апарати и површини во домот.

За таа цел, во продолжение ви откриваме неколку начини за ефикасно избелување на површините во домот и успешно справување со овие непријатни и здодевни проблеми.

Како да ја елиминирате пожолтеноста и изгребаните површини

1. Оцетна киселина- есенција

Потопете го сунѓерот во оцетна есенција со концентрација 70-80% и нанесете врз пожолтените места. Оставете така 5 минути, а потоа исплакнете го сунѓерот со вода и повторно поминете преку површината на дамките. Оцетната есенција одлично се справува и со масните наслаги. Не заборавајте дека пред тоа, мора да облечете ракавици.

2. Сапун за перење

Изрендајте домашен или т.н свински сапун, а потоа во истиот додадете малку топла вода и измешајте, за да образувате леплива паста. Нанесете ја пастата врз замастените места, притоа користејќи четка за нејзино подобро распространување и оставете да дејствува неколку минути, а потоа исплакнете.

3. Избелувач за фарба за коса

Производот може лесно да го пронајдете во било која козметичка продавница. Третирајте ја замастената површина со сунѓер претходно потопен во избелувачот, оставете да отстои 10 минути, а потоа исплакнете. Повторете ја постапката, за подобри резултати.

4. Паста за заби

За домаќинските цели, дури и најветините производи ќе ви завршат ефикасна работа. Абразивните честички на пастата за заби ефективно се справуаат со изгребаните површини, замастувањето на пластичната површина на прозорците, пожолтувањето и трагите од саксии.