Најдопбриот начин како можете да започнете со намалување на нивото на лош холестерол во крвта е така што ќе внесете едноставни промени во вашата исхрана. Еве што е потребно да направите да го решите овој чест проблем:

1. Исфрлете ги лошите масти

За најлоши се, според експертите, се сметаат таканаречените „транс-масти“. Овие масти се формираат со додавање на водород во течни масти со цел да се претворат во цврста состојба, а целта е, пред сè, да се продолжи рокот на траење на храната на која се додаваат.

Производителите на брза храна ги употребуваат бидејќи можат да се користат повеќе пати. И иако притисокот на јавното мислење е толку голем што транс- мастите веќе полека исчезнуваат од производите на многу компании, сепак уште постои храна што ги содржи овој вид на масти, како што се на пример пекарските производи и во одредена готвена храна што може да се сретне во рестораните.

Заситените масти исто така можат да бидат ризична причина запојава на висок холестерол, но нутриционистите се согласуваат дека може да консумирате помали количини – до 4 жолчки неделно и белки колку сакате.

Кога станува збор за консумирањето путер и полномасни сирења, може да консумирате, но многу поретко т.е се препорачува еднаш во 2 недели.

2. Јадете повеќе од добрите масти

Незаситените масти го намалуваат холестеролот, па токму поради оваа причина се препорачуваат сончогледово и маслиново масло, како и масло од семе од грозје и коноп. Масна риба е исто така добра – туна, лосос, харинга и скуша. Нутриционистите се едногласни дека треба да консумирате и повеќе семиња и ореви.

3. Јадете храна со силна боја

Колку е посилна бојата на храната, толку се покорисни состојки во истата т.е фитостеролите го намалуваат холестеролот – затоа јадете темно зелен лиснат зеленчук, моркови, домати, јагоди, сливи, боровинки!

4. Не консумирајте храна со рафинирани состојки

Исфрлете ги белото брашно, белиот ориз и белиот шеќер од вашето дневно мени. Подгответе леб и оброци користејќи интегрално брашно и ориз, како и овесна каша. Запомнете дека сите масти – добри или лоши – имаат 9 калории на грам. Тоа значи околу 100 калории во само една кафена лажица.

Кога веќе ја менувате исхраната за да се ослободите од лошиот холестерол, тогаш би било добро да започнете да се грижите за вкупниот број калории што ги добивате од маснотиите.