Статистиката вели дека 95% од луѓето на нашата планета страдаат од акни во одреден момент од нивниот живот. Акните и другите несовршености на кожата можат да бидат предизвикани од десетици различни причини, од вашите навики во исхраната до користење на погрешни производи за нега на кожата. До денес, никој не го откри универзалниот лек за да ја излекува кожата еднаш и засекогаш. Сепак, постојат некои навистина ефективни природни третмани кои можат да ви помогнат да добиете сјајна и здрава кожа без да користите хемиски или хируршки средства.

4. Хиперпигментација: компири + сок од лимон

Земете комир, излупете го, исецкајте го и ставете го во блендер. Потоа истискајте го само сокот од него. Исцедете и еден лимон. Измешајте 4 лажички сок од компир и 2 лажички сок од лимон. Нанесете со памук на саканата област. Нанесете три слоја. Чекајте секој слој да се исуши пред да го нанесете последниот. Преспијте со оваа маска и измијте го лицето наредното утро. Повторувајте ја оваа рутина една недела, секој ден.

3. Акни: јаболков оцет

Една лажичка оцет измешајте со 2-3 лажички дестилирана вода. Нанесете со памук. Можете ја нанесувате од смесата и по 2-3 ати на ден.

2. Брчки: Маслиново масло

Земете неколку капки маслиново масло и измешајте ги со мед и глицерин, потоа со масажа втријте ја смесата во вашето лице. Повторувајте го ова два пати дневно.

1. Затнати пори: морска сол + мед

2 лажички морска сол измешајте со 4 лажици домашен мед. Ставете ја смесата на чиста кожа и нежно трлајте со прстите. Оставете ја смесата да отстои 15 минути на вашето лице, а потоа измијте со млака вода. Повторете го ова неколку пати во неделата.