Посетата на гинеколог, особено за срамежливите дами, не претставува многу пријатна обврска. Секогаш постои сомнеж дека лекарот ќе открие нешто што не треба, но и дека ќе ги открие вашите најинтимни тајни, кои не сте сакале да ги споделите со никој друг.

Еве што гинекологот може да открие за вас, за време на прегледот, но тоа никогаш нема да ви го каже:

1. Каков интимен однос практикувате

Повеќето пациентки не сакаат да споделуваат и откриваат работи за нивниот интимен живот. Непријатно им е да зборуваат за тоа или сметаат дека не е толку важна работа, за која треба експертско мислење.

Но, гинеколозите може да ја утврдат вагиналната сувост, поради која настануваат промени при нивото на естрогенот.

Исто така, лекарите може да откријат дали вашиот партнер претпочита груб интимен однос и дали користите специјални играчки. Микро повредите на вагиналниот отвор се индикатор за овие работи.

2. Проблеми со задржување на урината

Во текот на прегледот, гинеколозите кои се специјалисти во таа област, може да утврдат дали вашите мускули ослбнале до точка при која се развила инконтиненција, односно неволно испуштање на урина.

Тоа е уште еден здравствен проблем за кој дами се срамат да зборуваат.

3. Дали сами сте се лекувале

Кога ќе се појави инфекција, 70% од жените сами се обидуваат да го решат проблемот. Во многу случаи станува збор различни видови на инфекции, како бактериска вагиноза кога не реагира на одредени лекарства.

Затоа, за да не си наштетите уште повеќе, отидете на лекар и направете го потребниот гинеколошки преглед.

4. Дали имате некаква сериозна болест

Во текот на редовниот преглед, лекарот ќе провери дали имате белези на меланом и потенцијални предвремени канцерогени промени на кожата како склерозирани ткива и атрофичен вулвовагинит, кои често не се манифестираат преку видливи симптоми.

Гинекологот може нема да ви каже дека ве прегледува и од тој аспект, но се подразбира дека доколку го забележи присуството на било каква сериозна болест, ќе го извести својот пациент.