Љубовта е убава, но љубовта знае да биде и ‘слепа’. Идеализирањето на партнерот знае да даде сосема погрешна слика за неговото вистинско лице. Во прилог прочитајте кои знаци предупредуваат да реагирате доколку во истите го пронајдете однесувањето на вашиот партнер.

1. Очекува секогаш да му се јавите

Ако случајно го пропуштите неговиот повик, веднаш започнува да се сомнева во вас, а што и да кажете, нема да го разубедите.

2. Отворено ви приговара доколку излезете без него

Иако можеби сте мислеле тоа е романтично, реалноста сепак, е сосема друга. Партнерот кој е опседнат со контролирање не може да поднесе ни најобична работа, како пр. кафе со другарките.

3. Очекува да му дозволите да ги чита вашите пораки

Пораките се приватна работа и не паѓајте на неговиот аругмент “Ако нема што да криеш, ќе ми дозволиш да видам со кого и што си пишуваш.”

4. Неочекувано се појавува пред вас

Постои разлика меѓу романтичи изненадувања и неконтролирана љубомора. Ви доаѓа изненадно во станот, додека сте на кафе со другарките, додека пазарувате за дом и сл.