Многумина од нас не се свесни колку големо е значењето на магнезиумот за нашиот организам и здравје. Тој има клучна улога врз мозочната, срцевата и мускулната функција.

Еве кои 4 опасни знаци откриваат дека токму овој елемент му недостасува на вашето тело:

1. Зуење во ушите или загуба на слухот

Шумот во ушите или честото зуење е најчестиот симптом за недостиг на магнезиум, како и загубата на самиот слух. Бројни истражувања ја докажуваат директната врска меѓу овие две работи, а лекувањето на пациентите со магнезиумови додатоци им помогнало да го вратат слухот.

2. Мускулни грчеви

Магнезиумот е од решавачко значење за оптимизирање на мускулната функција. Без истиот, лесно може да доведе до појава на непријатни грчеви.

3. Депресија

Врската меѓу ниското ниво на магнезиум во организамот и појавата на депресија кај личноста била докажата уште пред еден век, па токму затоа лекарите го користат овој елемент за лекување на ваквата психолошка состојба.

4. Нарушена срцева функција

Heart disease,Heart disease center

Ниското ниво на магнезиум може негативно да се одрази врз целото тело, вклучувајќи ги и срцевите мускули. Недостатокот на магнезиум може да предизвика срцева аритмија, што пак ќе го зголеми ризикот од појава на срцеви удари.