Чоколадото се користи уште од древни времиња за лекување на многу здравствени проблеми и е незаменлив дел од секоја исхрана. Ако сте голем обожавател на истото и сакате да уживате во него секој ден, особено за појадок, сега имате и одлично оправдување. Во продолжение ви откриваме зошто.

Еве зошто треба да започнете да консумирате парче темно чоколадо за појадок:

1. Ја подобрува силата на мозокот

Луѓето кои консумираат темно чоколадо еднаш неделно се склони да покажуваат многу подобри резултати при различни тестови за интелигенција, откриваат различни истражувања. Флаванолите во зрната од какао го зајакнуваат протокот на крв до мозокот, особено до оние делови од мозокот што се одговорни за интелигенцијата и меморијата. Затоа според експертите, консумирањето парче чоколадо пред испит и за појадок е одлична идеја!

2. Го смирува гладот

Консумирањето на чоколадо можеби воопшто не го гледате како начин на слабеење, но консумирањето парче темното чоколадо наутро значително може да ги намали лошите навики во исхраната и да го намали вашиот апетит во текот на целиот ден. Покрај тоа што помага за регулирање на апетитот, на овој начин, темното чоколадо ќе ве спречи и од прејадување.

3. Го зајакнува имунитетот

Покрај останатите бројни придобивки, чоколадото е богато со хранливи вредности. Секое 70% темно чоколадо содржи антиоксиданти (дури повеќе и од зелениот чај), калциум, железо, калиум и магнезиум. Неговите флаваноли помагаат за заштита на клетките од надворешните штетни фактори на кои сме изложени секој ден, како чадот од цигарите, загадувањето на воздухот и токсините од алкохолот. Значи, може одлично да се заштитиме со консумирање какао пред да излеземе од дома.

4. Ќе ве разбуди исто како кафето

Слично како кафето и чајот, какаото содржи кофеин. Неговото количество може да варира, но по правило во темното чоколадо има најмногу кофеин, додека пак, во белото нема. И како и останатите видови на храна со кофеин, така и чоколадото ќе ве направи побудни и поенергични наутро, а притоа и ќе го подобри вашето расположение – токму она што му е потребно на секој!