Кафето е чудесен напиток, кој со својот моќен вкус и волшебна арома е вистински спас од секојдневниот замор. А кога правилно ќе се употреби, напитокот исто така може да биде и неверојатно корисен!

Во продолжение откријте 4 одлични начини како да го употребите талогот од вашето кафе

1. Кафе маска за прочистување на лице

Измешајте 1 супена лажица маслиново масло и талог од кафе, а потоа додадете и прстофат сол и цимет. Со кружни движења, добиената маска нанесете ја на вашето лице и вратот. По 10 минути исплакнете со топла вода. Овој вид на маска ќе ја спречи појавата на здодевни црнки и дамки.

2. Кафе маска за отстранување на мртвите клетки и потхранување на кожата

Измешајте 1 кафена лажица кисела павлака и талог од кафе. Следно, во смесата додадете и 5 мл маслиново масло. Нанесете ја маската на вашето лице, а по 10 минути, исплакнете со ладна вода. На овој начин, кожата чудесно ќе се потхрани, а мртвите клетки ќе исчезнат.

3. Кафе маска за подмладување

Растопете 3 супени лажици мед и добро измешајте ги истите со 1 кафена лажица талог. Добиената смеса распространете ја подеднакво на вашето лице. Оставете ја да отстои 25 минути и исплакнете со топла вода. Оваа маска совршено може да ги замени скапите козметички производи против стареење.

4. Кафе маска против масна и воспалена кожа

Измешајте 1 кафена лажица талог со 1 супена лажица бела или сина глина. Разредете ја смесата со топла зовриена вода и измешајте, до добивање смеса со текстура како на павлака. Нанесете врз лицето, притоа заштитете ги вашите очи. Исплакнете по 20 минути.