Првото правило за заштита од коронавирусот е да седиме дома, а тоа за многумина необврзани, кои немаат постојан партнер или пак се разделени од истиот, значи дека овој период се лишени од интимни односи.

Покрај фактот што недостига задоволството, недостатокот од интимни односни може негативно да се одрази и врз самото наше здравје. Што се случува со нашето тело кога престануваме да имаме интимни односи?

1. Може да се зголеми нивото на стрес

При интимните односи се ослободува ендорфин, уште познат како среќниот хормон, што значи дека тоа ги прави луѓето среќни, па токму недостатокот од интимни односи може да доведе до влошување на расположението во текот на следните недели.

За среќа, со алтернативите како самозадоволување може да го надминете моментално овој проблем.

2. Може да ослабне здравјето на срцето

Интимните односи и достигнувањето на оргазам значително ја зајакнуваат срцевата функција, со тоа што интимната возбуда испраќа сигнали и го прави срцето поактивно и поенергично.

За оваа цел, експертите препорачуваат нивото на работата на срцето сега во карантин да го одржувате со правење домашни вежби.

3. Може да ослабне имунитетот

Имунолошкиот систем на човечкиот организам, меѓу другото, е стимулиран и од самите интимни односи. Тоа се должи на фактот што имуноглобулинот А кој се произведува за време на интимниот однос, е антитело кое ефикасно се бори против болестите.

За среќа постојат други начини како да го зајакнете имунтетот, односно да спиете повеќе, да се храните здраво, да вежбате, да медитирате и слично.

4. Може да се забави растот на мозокот

Практикувањето на интимните односи всушност може да ве направи значително попаметни. Според истражувања спроведени од Оксфорд и Хардвард, луѓето кои редовно имале интимни односи покажувале повисоки резултати на тестовите.

Друго истражување пак открило дека редовните интимни односи придонесуваат за создавање на нови мозочни клетки.