Завесите се незаменлив атрибут на топлиот и прекрасен дом. Домашната атмосфера е особено чудесна кога истите блескаат со чистота и свеж мирис.

За жал, завесите во кујната се постојано изложени на разните фактори од готвењето, при што многу брзо го губат својот беспрекорен изглед, особено доколку се во близина на шпоретот.

Домаќинките веќе знаат колку лесно може да се оштети совршениот изглед на завесите и да ја изгубат својата убава форма, притоа колку е тешко да се ослободиме од нивниот пожолтен изглед.

Како да се справите со масните и пожолтени дамки на завесите

Трик бр. 1

Перењето со домашен сапун е совршената варијанта! Наполнете длабок леѓен со топла вода, растворете половина од домашниот сапун и во добиениот раствор потопете ја завесата и оставете ја да отстои 1 час. Потоа истријте ги масните и пожолтени зони и исперете ги завесите.

Трик бр. 2

Наполнете леѓен со вода, додадете 1.5 супена лажица сода бикарона и добро измешајте ја течноста. Поставете ги пердињата во леѓенот и истријте ги со сапун за перење. Потоа додадете малку и од средството за миење садови и оставете ги завесите да отстојат во течноста 1-2 часа. Потоа исперете ги истите на рака, а резултатите ќе ве израдуваат.

Трик бр. 3

Овој трик е идеален за свежите дамки. Нанесете малку течност за миење на садови врз површината на замастената зона и оставете го средството да отстои 20-30 минути, а потоа едноставно исплакнете ја пената со топла вода.

Трик бр. 4

Поставете ги пердињата во длабок сад и истиот наполнете го смеса од мало количество вода и 1 супена лажица сол. Оставете ги да отстојат така 30 минути, а потоа исперете ги завесите на рака или во машината за перење.