Сите сакаме нашите куќи да бидат без штетници, но хемиските пестициди во продавниците се премногу токсични и штетни за користење насекаде во близина на нашиот дом, семејство и домашни миленици. Ако овие хемикалии можат да убијат инсекти, сигурно тие не можат да бидат добри за нас и подобро е да се користи нешто природно и безбедно кога тоа е можно.

1. Тавтабити

Тавтабитите не се само одвратни, но исто така можат да носат многу штетни болести. Исецкајте еден кромид и додадете една лажичка сода бикарбона, и ставете јаоваа мешавина во аглите на вашиот дом. Повторувајте го ова секој ден и наскоро вашиот дом ќе биде чист.

2. Градинарски штетници

Се меша 1/2 чаша лута пиперка со 1/2 чаша лук или кромид, и се меша додека не се претвори во паста. Измешајте ја пастата со 500 ml топла вода. Нека седи 24 часа на топло место, и прскајте ги растенијата со оваа течност.

3. Пајаци

Овој природен рецепт нема да ги убие пајаците, но ќе ги избрка, бидејќи не им се допаѓаат силни мириси. Додајте 5-10 капки масло од мента во мешавина од 200 ml вода и 1/4 лажици течен детергент, добро промешајте и испрскајте ги погодените области еднаш неделно додека не избегаат сите пајаци.

4. Мравки

Очигледно, мравките апсолутно го мразат мирисот на цимет. Ставете цимет во прав во областите каде што мислите дека мравките влегуваат. За поефикасни резултати, можете да додадете есенцијално масло во прав од цимет. Како „несакан ефект“, ќе добиете многу убав мирис во вашата куќа.