Несовршеностите како големиот стомак лесно може да се сокријат, а за тоа најдобар сојзуник ќе биде вашата облека. Доколку ве мачат неколкуте вишок килограми, еве како лесно да ги сокриете.

1. Избегнувајте тесни маици

Доколку сакате да го сокриете стомакот, тогаш тесните маици со сигурност нема да ви помогнат во вашата цел. Изберете дизајни при кои маицата е отворена кај градите, односно го истакнува деколтето, но надолу при стомакот е поширока.

2. Избегнувајте панталони со џебови

Панталоните кои се тесни во областа на колковите, а широки надолу се најдобриот избор, но внимавајте истите да немаат големи џебови.

3. Материјали

Облеката изработена од полиестер или ликра, дополнително го истакнува стомакот. Па не купувајте парчиња изработени од овие материјали.

4. Модни додатоци

Модните додатоци, покрај облеката, може да бидат вашиот најголем сојузник во сокривањето на големиот стомак. Едноставно додадете голема марама или голема чанта на вашата модна комбинација.