Секоја жена посветува огромен дел од времето за нега на кожата на лицето и телото. Но, постојат одредени области, кои ненамерно честопати ги забораваме при третманите.

Станува збор за стапалата, поконкретно петите. За таа цел, за денес ви подготвивме 4 домашни рецепти со кои брзо и лесно ќе можете да им кажете збогум на сувите и испукани пети.

1. Маска од јајце

Измешајте 1 жолчка со 1 кафена лажица сок од лимон и 1 супена лажица нишесте од компир. Добро измешајте ги состојките до добивање хомогена смеса, а потоа истата нанесете ја врз вашите пети. Оставете ги состојките да се исушат, а потоа исплакнете со топла вода и нанесете соодветна крема за стапала.

2. Облога од алое вера

Сомелете еден страк алое вера и намачкајте ги проблематичните зони. Завиткајте ги вашите стапала со фолија, облечете чорапи и оставете го алоете да делува во текот на целата ноќ.

3. Пилинг од маслиново масло

Измешајте 3 супени лажици маслиново масло со 1 кафена лажица морска сол и истријте ги вашите пети со добиената смеса. Правете нежни кружни движења по целата нивна површина. Следно измијте го остатокот со топла вода и нанесете соодветна крема за стапала.

4. Компир со кромид и зелка

Земете половина кромид со средна големина, неколку листови зелка и варен компир. Сомелете ги сите состојки заедно во блендер. Поделете го добиеното пире на половина и поставете го во 2 мали торбички, поставете ги истите врз стапалата и оставете ги да отстојат неколку часа. Внимателно отстранете ги на крајот, а остатоците измијте ги со топла вода.