Шминката на очите е особено важна, бидејќи таа е клучна во истакнувањето на вашата убавина и сокривањето на недостатоците.

Но, сепак и покрај тоа, шминката, доколку е нанесена на погрешен начин, наместо да ве разубави, може да ве направи да изгледате многу постаро од вашата возраст.

Техники на шминкање

Денес ќе ви раскажеме за 3 лесни техники на шминкање, кои ќе ви помогнат да изгледате 10 години помладо, а притоа овие совети најмногу ќе им бидат корисни на дамите над 50 години.

Шминка за дамите над 50 години

Техниката за нанесување на шминка од страна на професионален шминкер секогаш се определува според повеќе фактори, а возраста е една од најважните карактеристики.

Со возраста, еластичноста на кожата значително се влошува и затоа е неопходно да се употребуваат правилните средства, како и методи.

Основните грешки кои ги прават возрасните дами при нанесувањето на шминката

1. Премногу широки и темни веѓи

Темните веѓи значително може да му натежнат на вашиот изглед. Најважно при правилното шминкање е да го запазите правилото на лесен и природен изглед. Секогаш претпочитајте да корстите соодветни моливи и сенки за вашите веѓи.

2. Црна очна линија

Не заборавајте да нанесете молив или туш на вашите очи, во боја која одговара на бојата на вашите очи. Црната линија понекогаш повеќе знае да ги истакне уморните очи и самите подочници.

Препораки за шминкање за дамите над 50 години

1. Пудра

Кога се обидувате да изберете соодветна основна боја, тогаш секогаш избирајте ги топлите тонови, бидејќи со нив, вашето лице ќе изгледа посвежо.

2. Сенки

Не заборавајте да употребувате сенки со матирачки ефект. Сенките со премногу блескав ефект и сјај ќе ви истакнат очите на погрешен начин, и притоа ќе ги истакнат и самите брчки.

3. Кармин

Бојата на карминот секогаш треба да додаде сила и енергија на вашиот изглед, правејќи ве помлади, а за таа цел, совршен избор се винските тонови на кармини.