Внесот на основните микроелементи е исклучително важен за здравјето на нашиот кардиоваскуларен систем. Болестите како тромбофлебитис или венозна тромбоза се појавуваат поради повреда на крвните садови или како воспалителен процес.

Исто така тромбозата може да се појави како резултат на нарушен крвоток и проблеми со проширени вени. При тромбофлебитис се препорачува да се консумираат повеќе зеленчуци, зрнеста храна и овошје, а во случај на венозна тромобза покрај здрава исхрана, неопходно е да се запази и физичката активност.

Со текот на возраста, крвта се згуснува, поради што возрасните луѓе треба особено да внимаваат на исхраната, односно секојдневното мени треба да биде богато со храна која ја разредува крвта. Еве кои се 3-те најдобри видови за оваа цел:

1. Витамин Ц

Благодарение на салицилната киселина што ја содржи, витаминот Ц совршено ја разредува крвта, го штити срцевиот мускул од преголема преоптеретеност, го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања и патолошки состојби. Така, неколку лажици слатко од малини ќе ја заменат употребата на аспирин, без никакви штетни последици за организамот. Лутиот црвен пипер исто така содржи огромно количество на салицилати, кои позитивно влијаат врз крвната циркулација.

2. Омега 3

Јаткастите плодови содржат многу корисни омега-3 масни киселини, кои ефикасно му помагаат на организамот да се избори со воспалението, вклучувајќи го и она на ѕидовите на крвните садови. Покрај во јаткастите плодови, може да се сретне во растителните масла и рибите.

3. Лук

Лукот важи за еден од најдобрите и најпознатите народни антивоспалителни средства. Лукот не само што супер се справува со воспалителните процеси, но и ја разредува крвта и ефикасно ги прочистува крвните садови.