Еден од најголемите кошмари на модерната жена е кога ќе здогледа фантастичен пар на обувки, притоа на намаление и откако возбудено ќе ги купи, ќе сфати дека обувките се тесни за носење.

Се подразбира, одењето во тесни обувки е невозможна мисија, поради постојаната болка, па токму за оваа цел, наместо да го фрлите новиот пар на чевли, денес ви ги откриваме 3-те најефикасни начини како да ги опуштите истите.

1. Замрзнете ги

Овој трик е исклучително популарен. Налејте вода во две мали најлонски торби, добро заврзете ги и внатре поставете ги обувките. Поставете го парот на чевли да отстои во замрзнувачот во текот на ноќта. Водата ќе се зацврсти и ефикасно ќе ги олабави обувките.

2. Најмрзеливиот метод

Методот е наречен најмрзелив токму поради фактот што за истиот не ви е потребен апсолутно никаков труд. Едноставно свиткајте неколку чорапи во затегната и обемна топка и формираните топки поставете ги во вашите обувки и оставете ги да отстојат во текот на ноќта.

3. Топлина

Облечете ги обувките, не заборавајте да облечете и чорапи за поголема ефикасност и вклучете го вашиот фен за коса на најлесниот режим и насочете го протокот на топлина кон најтесните делови од обувките кои сакате да ги олабавите. Процесот треба да ви одземе околу 10 минути, затоа бидете трпеливи и прилагодете се на неудобната положба.