Дојде есента, а со неа, повеќето луѓе веќе го почуствуваа недостатокот од витамини во организамот. Истиот најчесто и најпрво започнува да се манифестира преку влошување на состојбата на ноктите.

Еве како лесно и брзо, со домашни третмани да го подобрите нивното здравје:

1. Сол

Едно од најефикасните домашни средства е третманот со сол. Налејте 200 мл вода во сад, во кој удобно би можеле да ги сместите вашите дланки и во садот додадете  2 супени лажици вода. По ваша желба може да додадете и неколку капки витамин Е. Потребно е третманот редовно да се практикува во период од 2 недели.

2. Сок од лимон

Доколку вашите нокти започнат да се лупат, тогаш купките со сок од лимон и сол, значително ќе ви помогнат да го решите овој проблем. Во соодветен сад додадете неколку супени лажици свежо исцеден сок од лимон и грст сол. Добро измешајте ги состојките, а потоа потопете ги вашите прсти и оставете ги да отстојат во смесата 20 минути. Следно, измијте ги рацете со ладна вода.

3. Јод

Друг едноставен и лесен начин за зајакнување на вашите нокти е да ги намачкате истите со јод. Овој третман најдобро е да го практикувате навечер, така што веќе следното утро, ноктите ќе бидат одморени и вратени во нивната нормална и здрава форма.