Доколку имате искуство од често гледање со разни луѓе и неколку неуспешни врски зад вас, тогаш најверојатно сте го преживеале следниот кошмар: Нештата меѓу вас да изгледаат идеално и одеднаш мажот става крај.

Тој исчезнува, престанува да ви одговара на повиците и сл. Периодот на преиспитување што тргнало лошо, во погрешен правец токму кога сте биле најсреќни, може да биде навистина болен, особено кога сте вложиле огромен потенцијал во врската.

Еве кои се 3-те најчести причини зошто мажот се оладува од вас, токму и кога сето изгледа совршено:

1. Премногу сте возбудени

Не постои добра причина премногу да бидете возбудени уште по вашата прва или трета средба. Доколку нештата се одвиваат супер, тоа е одлично. Но, нема потреба да мислите премногу напред во времето и да правите планови по само 2 викенди поминати заедно. Не вложувајте премногу чувства уште на самиот почеток, прво бидејќи лесно може да бидете разочарани и второ, бидејќи тоа ќе резултира со спласнување на неговите чувства.

2. Очајни сте и премногу достапни

Доколку ви недостасуваат животни цели или изгледате премногу достапни за него и спремни сте веднаш да влезете во врска, тоа е најверојатно причината зошто набрзо ќе се случи крајот меѓу вас. Никој не го сака тој притисок врз себе да биде единствениот извор на среќа за некого. Од клучно значење е најпрво самите да се чувствувате среќни и исполнети, за да подоцна пронајдете некого кој ќе го подобри вашиот живот, без да очекувате дека тој ќе ја пополни вашата празнина.

3. Тој е исплашен

Доста често се случува мажот да се покаже како емоционално недостапна личност, кој може целосно да ве збуни, давајќи ви знаци на интерес, а потоа започнува да држи растојание. Како што се вели дека премногу добро, не е добро, така ако хемијата меѓу вас е навистина чудесна, ништо чудно тој едноставно да се чувствува исплашен, поради претходни негови лоши искуства.