Бројни истражувања и експерти потврдуваат дека 90% од ракот на белите дробови се директен резултат на пушењето цигари.

Според статистиките за стапката на смртност, овој вид на онколошко заболување е најзастапено и највисоко во Русија.

Кои се првите симптоми на рак на белите дробови, а кои не се забележителни

1. Хронична кашлица

Иако пушачите може да мислат дека кашлицата е предизвикана од никотинот, всушност тоа може да биде и индикатор на присуство на рак при белите дробови.

Кога гласот станал рапав и кашлицата не исчезнува со месеци, не секогаш причинината е алергија или тутунот. Доколку кашлицата воедно е и пропратена со крв, потребно е веднаш да се направи лекарски преглед.

2. Болка во градите

Во белите дробови нема нервни завршетоци. Доколку човек чувствува болка, тоа може да значи дека туморот може достигнал до белодробната мембрана и ѕидовите на градната шуплина и ги влијае врз нервните влакна.

3. Отежнато голтање

Онколозите, меѓу симптомите за појава на рак на белите дробови ги сместуваат и зголемувањето на лимфните жлезди, загубата на апетитот, како и загубата на телесната тежина, што воедно е пропратено и со отежнато голтање.

Откажувањето од цигарите на било која возраст може значително да го подобри здравјето на човекот. Според бројни истражувања, пушачите кои се откажуваат од цигарите на 30-35-годишна возраст живеат онолку долго колку и како оние луѓео кои никогаш во животот не запалиле цигара.