Астролозите тврдат дека силата на подредените планети е тоа што влијае врз формирањето на личноста, односно дали жените ќе се родат како нежни и емотивни или силни и храбри убавици.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Еве врз кои 3 хороскопски знаци најмногу влијаеле планетите, за да нивните претставнички денес важат за духовно најсилни дами:

1. Овен

Тоа е жената родена под влијанието на воинствениот Марс! Невозможно е таа да има слаб карактер, бидејќи се одликува со неверојатна упорност и уште поизвонредна смелост. Дамите родени во знакот на Овен се вистински Амазонки!

Кога сакаат- сакаат, кога мразат- бегајте што подалеку и не им го попречувајте патот!

2. Бик

Тивка упорност е она како најдобро може да се опише жената Бик. Вистински заштитнки и борец за доброто на своите најблиски. Дамите родени во овој хороскопски знак се одликуваат со огромна сила, така што, кога се гневни, најдобро е да не влегувате во дискусија со нив.

3. Јарец

Јарците важат за исклучително многу праведни и ставилни луѓе. Се одликуваат со неверојатна независност и издржливост, кога се соочени со секоја животна ситуација. Иако одвнатре имаат нежна и фина душа, воопшто не се двоумат да ја носат цел живот маската на челичната дама!