Листовите од зелка можат да извлечат многу отрови и болести од нашето тело. Облогите со зелка можат да помогнат за многу проблеми ккао што е главоболката, трауматски повреди и за проблеми со штитната жлезда.

Зелка за трауматски повреди

Ако ве болат зглобовите и лактите од премногу работа или движење, доколку на друг начин сте ги повредиле овие места или сте го извадиле гипсот во скоро време треба да ставите листови од зелка. Земете 1 или 2 листови од зелка и ставете ги на болното место а потоа завиткајте со шал, крпа или завој. Оставете да отстои цела ноќ и повторете ја постапката неколку пати.

За проблеми со тироидната жлезда

Со цел тироидната жлезда да се смири и да почне да функционира нормално, ставете листови од зелка на грлото и тироидната жлезда. Треба да ставите завој или шал за да ги задржите лисјата. Исто така оставете да отстои цела ноќ.

Силна главоболка

Ако имате сериозна главоболка, причината може да биде проблеми со очите. Ако главоболката не се должи на очите, туку поради стрес или замор, можете да го ослободите со облоги од листови од зелка. Ставете помали листови од зелка или сецкани поголеми на челото, на слепоочниците и на врвот на темето.