Со пристигнувањето на есента, се менува и нашето секојдневно мени, а денес ви претставуваме лесни рецепти за богати салати, со кои нема да се чувствувате прејадено, ќе ја замените класичната вечера, а ќе уживате во неверојатен вкус!

1. Салата од пченка и сирење

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр пченка
  • 150 гр сирење
  • 4 супени лажици мајонез

Начин на подготовка

Крупно изрендајте го сирењето. Сварете, излупете и исечете ги јајцата, а потоа измешајте ги со сирењето и додадете ја и пченката. На крај додадете го и мајонезот и добро измешајте ги состојките.

2. Салата со домати и кромид

Потребни состојки

  • 2 јајца
  • 1 глава кромид
  • 3 домати
  • 1 страк копар
  • 3 супени лажици павлака
  • Половина кафена лажица лук во прав
  • Сол и мелен црн пипер по вкус

Начин на подготовка

Крупно исечете ги варените јајца и доматите. Ситно истолчете ги кромидот и копарот. Измешајте ги сите состојки заедно, додадете ја киселата павлака, солта, мелениот црн пипер и лукот во прав.

3. Салата со топено сирење

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 2 топени сирења
  • 3 чешниња лук
  • 4 супени лажици мајонез
  • Сол и мелен црн пипер по вкус

Начин на подготовка

Сварете ги јајцата и ситно изрендајте ги заедно со топеното сирење. Изгмечете го лукот и додадете го кон останатите состојки. Зачинете ја на крај салатата со мајонез, сол и мелен црн пипер.