Љубовните разделби никогаш не се лесни, особено затоа што губите некој кој бил важен дел од вашиот живот.

Затоа луѓето честопати се обидуваат да останат пријатели со своите поранешни партнери, мислејќи дека така полесно ќе ја надминат кризата, но тоа воопшто не е добра или здрава идеја. И еве три многу добри причини зошто.

1. Потешко ќе го преболите партнерот

Многу луѓе сакаат да останат пријатели со нивните поранешни затоа што мислат дека така ќе им биде полесно да го пребродат раскинувањето, но експертката за љубов и врски, Нина Атвуд, предупредува дека ова обично има спротивен ефект. Многу е потешко да се преболи некој, доколку постојано се гледате него или неа, затоа што секој пат кога ќе се сретнете, старите чувства ќе ви се враќаат. Не залудно се вели „далеку од очите, далеку од срцето“ и е мотото на кое треба да се придржувате за полесно да издржите.

2. Ќе се надевате помирување

Ако продолжите да се гледате со својот поранешен после раскинувањето, веројатно во еден момент ќе се прашувате зошто воопшто раскинавте и ќе започнете да се надевате на помирување, предупредува Атвуд. И тој вид размислување нема да ве однесе никаде и ќе бидете заглавени во вашата имагинација, наместо да продолжите со вашиот живот и да го оставите својот поранешен во минатото каде му припаѓа.

3. Ќе споредувате други мажи со него

Ако тој продолжи да биде составен дел од вашиот живот, нема да се чувствувате како навистина да сте го изгубиле и тоа ќе ви создаде некој притисок кога ќе запознаете некој нов, според експертот за врски, Линдзи Кидер. Ќе ги споредувате вашите потенцијални партнери со него и со тоа ќе ги уништите сите шанси да започнете нова врска.