За жал, не секој може да се пофали со совршен вид, но без грижи, денес постојат толку многу видови на очила, со разни дизајни скроени за сечиј вкус и стил, само потребно е да знаеме неколку трикови при изборот на истите.

Еве на што треба да внимаваме при купувањето на очила, со цел да изгледаме модерно и младешки, наместо старо:

1. Темна крупна рамка

Очилата со ваков вид на рамка му даваат на лицето студен и груб изглед, при што дамите изгледаат помалку женствено, бидејќи цртите на лицето ја губат нивната елеганција. Секогаш избирајте очила со не толку крупна темна рамка.

2. Остар правоаголник

Откажете се од очила со строга форма на правоаголник, бидејќи истите додаваат години на вашето лице и ги искривуваат фацијалните црти. Не треба да се плашите од геометриските форми, но изберете ги соодветните за вашето лице.

3. Мачкини очи

Рабовите на овој тип на очила се насочени кон нагоре, што влијае позитивно кога станува збор за изгледањето помладо. Исто така, очилата со ваков вид на рабови во комбинација со заоблени стакла им одговараат на речиси сите дами.